Loading Events
  • This event has passed.
јуни 2 @ 8:00 pm
500ден

OFFICINA ZOÉ
2 JUNE • MKC KINO FROSINA, 20:00

Во Саленто, кој се наоѓа приближно таму каде што треба да бидат „врвките на италијанската чизма“, традициите се негуваат со голема гордост. Како една од најзначајните културни експресии во регионот е „пицика“ или „пицика тарантата“, народен танц и музички стил кои што се спојуваат во едно. Officina Zoé веќе неколку години се меѓу главните чувари на „пициката”. Нивните настапи во живо провоцираат искуство на транс. Долгите интензивни и повторувачки вокални делници, заедно со силните, огнени и бесни перкусии и вртоглавата хармоника експлодираат во бесконечен танц. Групата не опстојува само во својата прекрасна „изолација”. Таа е постојано отворена за соработка и со другите култури, како на пример турскиот мулти-инструменталист Мерџан Деде, пејачот од Мали Мамани Кеита и Баба Сисоко. Уште од 1993 година Officina Zoé е најпознатата група која ја изведува традиционалната музика од регионот на Саленто, онаа на своите предци, со ритми кои се возбудливи, терапевтски и забавни, силни елементи на повторното музичко раѓање на целата Јужна Италија. Покрај Европа, Officina Zoé имаат настапувано во САД, Австралија, Кореја, Јапонија, Аргентина, Мароко, Индија.

IFRIQIYYA ELECTRIQUE
2 JUNE • MKC DANCING HALL, 21:30

Ifriqiyya Electrique е уникатен проект. Повеќе од концепт, тоа е вистински адорцистички обред и транс кој што го практикува заедницата Банга. Настап на Банга музичарите во интеракција со електроника и засилувачи. Рекомпонирана музика, трансцендентална и пост-индустриска церемонија. Несомнено, вкоренета во африканските традиции и звуци, нивната традиционална звучност е целосно трансформирана меѓу индустриските звуци и острите гитарски линии. Банга е древна музичка традиција карактеристична за јужниот дел на пустината во Тунис, со цврсти, метални перкусии и групирани гласови. Истовремено, тоа е ритуал со кој се повикуваат духовите да влезат во телото и умот. Ifriqiyya Electrique се конверзација на ритмите и песните на тројцата Банга музичари, со гитарата, басот и електрониката. Нивниот деби албум “Rûwâhîne“ објавен во мај 2017 година за Glitterbeat Records беше меѓу првите десет на светските музички листи во Европа и САД. Тоа е неверојатнo делo, неслушнато досега и тешко повторливо.

GAYE SU AKYOL
2 JUNE • MKC DANCING HALL, 23:00

Пејачката Гаје Су Акјол растејќи во Истанбул, градот кој низ вековите привлекувал и спојувал различни култури, ја вдишува секоја длабока и слоевита историска одлика на секојдневието, заедно со древните корени на нејзиното семејство од Анатолија. Овие богати традиции се спојуваат за да формираат дел од звукот кој што таа го развива и совршените турски мелодии се испреплетуваат околу пикантните, вибрирачки гитари и ритми. Повторувањето на турските слатко – горчливи искуства од минатото и драматичната сегашност ги прават нејзините текстови храбри и особено лични. Гаје Су Акјол е извонредно успешна во спојувањето на рок и „инди” музиката со препознатливиот турски звук. „Мојот стил наликува на старото турско пеење, богатo и експресивнo“, вели таа. „Мојата музика е нешто ново во Турција, но и во светот затоа што е мешавина на многу стилови“. Во универзумот на Гаје Су Акјол, минатото ја обвиткува сегашноста и ја наговестува иднината. Нејзиниот последен албум “Hologram Ĭmparatorluğu“ е енергичен, моќно опоен и отровно убав. Тој беше проследен со брилијантна европска турнеја.

Купи Билет Онлајн