Loading Events
  • This event has passed.
јуни 20 @ 8:00 pm - 11:30 pm
250ден

“МАЛА ИТАЛИЈА ПАТУВА” претставува настан кој ќе се одржи на 20 Јуни 2017 под отворено небо на платото на плоштадот Мајка Тереза во Скопје, и ќе биде исполнет со мелозвучните гласови на Павле Камилоски – баритон, Христо Арсовски – драмски тенор, Горан Начевски – баритон, заедно со Бисера Чадловска – диригент и оркестарот на Македонска Опера и Балет.

Основната идеја за истиот е претставување на шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни. Мотивација за настанот е потребата од воведување на нови и поинакви вечери кои ќе ја пренесат медитеранската култура и музика во едно поинакво светло и ќе придонесат за подигнување на интересот за овој вид на изведби. Концертот, со времетраење од 1 час, ќе Ви овозможи да ја доживеете медитеранската музика и ќе ги задоволи дури и најпребирливите обожаватели на класичната музика.

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online