Loading Events
  • This event has passed.
ноември 12 @ 11:00 pm
300ден

Lydia Lunch’s Big Sexy Noise на Cinedays Festival of European Film
МКЦ Скопје
12.11.2018
Почеток 23:00


Еден од двата активни музички проекти на no wave/post punk кралицата Lydia Lunch се вика Big Sexy Noise. Покрај нејзе во составот се и James Johnston и Ian White гитарист и тапанар од познатиот состав Gallon Drunk. Бендот е формиран во 2008 година а во 2009 го објавува првиот истоимен мини албум за Sartorial Records. Следува „Trust The Witch“ од 2011. и live снимка од концерт во Италија oд истата година, кој се појавува како самостојно издание во 2016 година.
Big Sexy Noise може да се опишат како мрачен хеви блуз. Сугестивниот вокал на Lydia го следи „костурот“ на песните кои го прави Gallon Drunk двоецот.
Lydia Lunch е легенда на уметничкиот ЊуЈорк. Не постои сериозен музичар кој нема соработувано со неа барем еднаш во својата кариера.
James Chance и Nick Cave уште од раните The Birthday Party денови, Sonic Youth, Rowland S. Howard, Einsturzende Neubauten, Robert Quine, Michael Gira, Jeffrey Lee Pierce…
Сите погоре споменати барем еднаш соработувале со „вештерката“, бидејќи таа соработка секогаш ветувала еден нов вид на музичка/уметничка возбуда.

Ултимативната икона на њујоршката авангарда за прв пат во Скопје!

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online