Loading Events
мај 7 @ 8:30 pm - мај 8 @ 1:00 am
200ден

Младински Културен Центар и Funky Fresh ви најавуваат..
Lord Finesse е еден од архитектите и основоположниците на њујоршката хип хоп сцена. Легендарен MC, дел од култните D.I.T.C. (Diggin’in the crates).
Заедно со Big L, Fat Joe, O.C., Show & A.G. и Buckwild, го дефинира њујоршкиот звук во 90тите – има 3 соло изданија како артист, 3 албуми со D.I.T.C. и безброј проекти во соработка со други артисти.
Како продуцент има работено на неколку од најкултните хип хоп изданија – Dr. Dre – 2001, Notorious B.I.G. – Ready to Die, Big L – Lifestylez of da poor and dangerous, O.C. – Jewelz, Terror Squad и многу други.
Меѓу другото, Lord Finesse е и њујоршка ДЈ легенда , одличен техничар и селектор, кој активно настапува со свои сетови во клубови и по фестивали низ целиот свет.
Голема чест ни е што на 7 мај, недела, во денсинг салата на Младинскиот Културен Центар, како дел од Фанки Фреш серијалот, за првпат ке се појави пред македонската хип-хоп публика.
Домашна поддршка ќе биде еден од најеминентните ликови во Македонскиот хип хоп – Страјк.
Емси, диџеј и продуцент, со своите два соло албума “Кутија” и “Земен Рај” и работата со СТР2 и Легијата, Страјк го има изградено својот статус како неизоставен дел од Македонската хип хоп сцена.
Настанот е на 7ми Мај, недела, во денсинг салата на Младинскиот Културен Центар, Скопје, со почеток во 20:30 часот.

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online