Loading Events
февруари 27 @ 8:30 pm
1000ден

Германските пионери на електронската музика, култните KRAFTWERK ќе настапат во Скопје на 27-ми февруари 2018 година во Вип Арена „Борис Трајковски“, со извонредниот 3D концерт од нивната актуелна и исклучително успешна светска турнеја. Влезот за посетителите ќе биде отворен во 19:30 часот, а почетокот на концертот е закажан во 20:30 часот.

KRAFTWERK е една од највлијателните и најзначајните електронски групи во светот чие музичко наследство е легендарно и вонвременско! Како предводник на експерименталната сцена, со својата визија за иднината KRAFTWERK ја создаде музичката подлога за дигиталната ера на 21-виот век. Музиката на KRAFTWERK изврши огромно влијание врз цел спектар на музички жанрови, а поради пресудното влијание и применливоста на електрониката во музиката тие важат за бендот без кој модерната музика денес не би звучела исто.

Купи Билет Онлајн


ВАЖНО:
* строго ограничен капацитет (6.000 посетители);
* ограничување во продажбата на НАЈМНОГУ 4 БИЛЕТИ ПО КУПУВАЧ!
ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:
Стоење: 1.000 – 1.200 денари
Трибини (седење): 1.000 – 1.600 денари
ВИП: 2.000 денари