Loading Events
  • This event has passed.
март 30 @ 9:00 pm - 11:30 pm
150ден

ТАКСИРАТ 2.0. и МКЦ ви ги претставуваат: Këpurdhat !
👉 концертна промоција на нивниот втор албум „N’trip“
👉 30-ти март во МКЦ бифе

🕘 21:00
🎫 150 денари.

Тетовскиот инди-рок бенд Këpurdhat е оформен во 2013-та и веќе има остварено значителни успеси. Првиот успех го бележат со победата на „Converse Rubber Tracks“ конкурсот и снимањето на првиот албум „Fajtu“ во „Studio M“ кај познатиот продуцент Alan O’Connell. Нивниот сингл, „You don’t care“, издаден од „360 M Records New York“ лани беше номиниран за најдобра песна на годината од страна на „Akademia Music Awards – Los Angeles“ кои потоа и го прогласија за „Best Rock Song“ за 2017-та. Досега имаат свирено на EXIT Фестивал, Пиволенд, Beer & Wine, Anibar, Green Fest, Д Фестивал, Desound, Pin music conference. На 30-ти март пак, не пропуштајте во живо да го искусите најновото остварување на еден од најпотенцијалните млади бендови кај нас, за кој Akademia Music Awards вели:
„Këpurdhat рика од длабочините со глас кој може да биде остар како пила или да ги стопи срцата со сирова страст, додека остатокот од бендот грми на сцена“.

Купи Билет Онлајн