Loading Events
  • This event has passed.
мај 31 @ 9:00 pm
500ден

JUPITER BOKONDJI lead vocal, tam-tam
YENDE BALAMBA bass, vocal
BLAISE SEWIKA shakers, vocal
RICHARD KABAMGA lead guitar
ERIC MALU-MALU second guitar
MONTANA KINUNU drums

Јупитер Боконџи, симболичниот „Генерал на бунтовниците“, го врати почесното место на Киншаса, како центар на африканската музика. По враќањето во Конго тој го откри доминантниот румба-стил, но истовремено и мноштвото на други ритми и стилови кои опстојуваат во сенките на румбата, реминисценции на фанкот, соулот и рокот. Користејќи ја врската помеѓу музичките традиции на Конго и западната музика, Јупитер создаде свој оригинален музички израз. Опкружен со извонредниот состав Okwess International, тој во митската румба на Конго ги внесе фанкот и урбаните ритми. Богатиот звук на бендот го привлече вниманието на продуцентот Дејмон Албарн и Jupiter & Okwess станаа едни од најсјајните ѕвезди на турнејата Africa Express, организирана од Дејмон, настапувајќи на многу места, меѓу кои и на фестивалите Glastonbury и Womad. Нивниот последен албум “Kin Sonic“, објавен во 2017 година за Glitterbeat Records, продолжува со истражувањата и патувањата низ богатото музичко наследство на Конго.

Купи Билет Онлајн