Loading Events
февруари 10 @ 10:00 pm
250ден

Funky Fresh & Младински Културен Центар ви го претставуваат Illa J(Detroit, USA/live act)

10 февруари во хип хоп-от е датумот на кој не напушти еден од најголемите! На тој ден 2006 година, музиката остана без James Dewitt Yancey – J Dilla, затоа на тој ден секоја година го празнуваме неговото дело и музиката што ја остави во наследство.
Funky Fresh од своето оформување ги започна “Just Dilla” настаните, каде нашата dj екипа ја презентира богатата хип хоп, нео соул и r’n’b дискографија на Dilla. Минатата година имавме и специјален гостин, N.Y. легендата Jeru the Damaja, кој не почести со freestyle на инструментали од J Dilla!
Годинава, на 12 годишнината од неговото прерано заминување, имаме навистина специјален гостин! Funky Fresh во соработка со МКЦ cо големо задоволство ви го најавува Illa J (Detroit,U.S.A.), помладиот брат на J Dilla, член на Slum Village и Yancey Boys, пеач, рапер, продуцент, музички автор, добар на микрофонот, на MPC-то, на грамофоните, на клавијатурите и на бас гитарата. Во својата 9 годишна кариера има два соло албума, два албума со Slum Village, еден со Yancey Boys, два EP-ја, два официјални микстејпи и многу гостувања (J Dilla, Bishop Lamont, Black Milk итн.)
Illa J ќе се претстави пред нашата публика со настап во живо, микс од “живи” инструменти и “dj” инструментали. Во склоп на вечерта ќе имаме и специјален J Dilla “MPC” tribute перформанс од страна на битмејкеротNin Vibe (Raw’n’Wicked, Скопје) А боите на Funky Fresh вечерта ќе ги “бранат” со свои “Dilla” сетови DJ ChvareDJ Drazi Drags и Goce (S.A.F.).
Настанот ќе се одржи во денсинг салата на МКЦ, на 10 февруари 2018, со почеток во 22 часот

Купи Билет Онлајн

Buy Ticket Online