Loading Events
јули 28 @ 9:00 pm - јули 30 @ 4:00 pm
650ден

Green Beach Festival го претставува своето осмо и најмоќно издание досега, предводено од ненадминливите великани на електронската сцена SVEN VÄTH и RICHIE HAWTIN!

Генијалниот RICHIE HAWTIN, еден од најголемите електронски уметници на сите времиња ќе настапи во петок, на 28-ми јули! Тој е клучната личност на модерната електронска музика, истакнат иноватор и креатор на една од најзначајните техно етикети MINUS, но и култната PLUS 8. Како вистински револуционер на сцената, овој електронски музичар пар екселанс е заслужен за популарицазијата на техно музиката воопшто, како и за развојот на денешните технолошки алатки кои ги користат водечките диџеј ѕвезди, а неодамна со компанијата „Ален & Хит“ (Allen & Heath) тој ја креираше новата миксета за која многумина тврдат деќа ќе предизвика нова револуција на диџеј сцената.
Папа SVEN VÄTH кој денес е на апсолутниот врв по повеќе од 35 години на сцената, ќе настапи на Green Beach Festival во сабота, на 29-ти јули и тоа 10 години по неговиот последен настап во Македонија. Овој ненадминлив маг на електронската сцена е легенда на неговото време со посветеност и страст кои влијаеја на напредокот и еволуцијата на електронската музика. Клубови, издавачки етикети и кариери беа лансирани благодарение токму на неговото влијание. Некои луѓе имаат судбина да се издигнат до врвот и да ги менуваат нештата, а токму таков е Sven Väth – визионер секогаш подготвен за предизвици, уметник кој инспирира, иноватор и непобедлив артист.
Наскоро ќе бидат објавени и останатите артисти кои ќе настапат на GREEN BEACH FESTIVAL како поддршка на двајцата мега-хедлајнери.

Купи Билет Онлајн 28.07.2017

Buy Tickets Online 28.07.2017

Купи Билет Онлајн 29.07.2017

Buy Tickets Online 29.07.2017

Купи Билет Онлајн (Блок Билет 28-29.07.2017)

Buy Tickets Online (Block Ticket 28-29.07.2017)

Купи Билет Онлајн 28.07.2017 VIP

Buy Tickets Online 28.07.2017 VIP

Купи Билет Онлајн 29.07.2017 VIP

Buy Tickets Online 29.07.2017 VIP

Купи Билет Онлајн VIP Блок билет 28-29.07.2017

Buy Tickets Online VIP Block Tickets 28-29.07.2017