Loading Events
  • This event has passed.
ноември 10 @ 10:00 pm - 11:30 pm
200 ден

Добрите познавачи на новите музички движења, оние кои го креираат вкусот на артикулираната публика, деновиве ке го посочат токму Gabe Gurnsey како една од најжешките точки на современата електронска, но и воопшто алтернативна сцена.
Особено оваа, 2018та е негова, година која дефинитивно го произведува како еден од водечките композитори и иноватори, на среде купиштата “електронски имиња” кои постојат само поради масовната побарувачка.

Gabe Gurnsey на CINEDAYS ке настапи ВО ЖИВО (придружен од John Rivet) што подразбира еден куп машини за произведување звук, но тој лично ќе седи позади сет со тапани. Тоа гарантира вистинско уживанје за љубителите на cutting edge современиот звук, но и сите оние кои сакаат да танцуваат.

Придружна, но и во функција на збогатување на овој супер модерен концерт ќе настапат:
KANTON 6 live
Марко Рикалоски DJ set

Билети во претпродажба по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс

Купи Билет Онлајн

Buy Ticket Online