Loading Events
  • This event has passed.
април 18 @ 8:00 pm - 9:30 pm
200ден

Tекстот „Еднаш свет изградив“ е пишуван по мотиви на романот „Сидарта“ од Херман Хесе. Преку семејна приказна за татко и син кои се среќаваат после долги години, авторот на претставата Јане Спасиќ се обидува да согледа неколку поважни животни фази и да ги разгледа последиците на индивидуалните одлуки. Преку нивниот однос и приказните на таткото се поставуваат повеќе прашања за значењето и последиците од изборите во животот. Дали децата може да избегаат од изборите на своите родители и дали може да направат свои самостојни избори или тие секогаш ќе носат сенка од изборите на своите родители, дали постојат универзални вредности или сите се индивидуални? Дали на животот може да му се даде подолготрајна смисла или секоја животна фаза има свое значење? Дали некое од овие прашања има дефинитивен одговор или засекогаш остануваат отворени?

Режија: Јане Спасиќ
Автор: Јане Спасиќ (по мотиви на романот „Сидарта“ од Херман Хесе)

Играат:

Драган Довлев

Ненад Митевски

Наташа Петровиќ

Симона Спировска

Бојан Кирковски

Михаел Стојановски (к.г.)

Купи Билет Онлајн

Buy Ticket Online