Loading Events
јули 26 - август 30
300ден

Фестивалот е основан во 2013 година со цел градот Струга да го трансформира во магична креативна зона во која се слават уметноста и урбаното живеење.
Пет дневната програма на фестивалот пред публиката ги претставува најновите остварувања од областа на музиката, театарот, филмот и ликовната сцена.
За време на изминатите четири фестивалски изданија свое излагање имале повеќе од 100 говорници, панелисти и дебатери, 60 ликовни уметници, реализирани се повеќе од 20 работилници, театарски претстави, базар на ракотворби, саем на книга, филмски проекции и преку 20 концертни вечери на кои настапувале состави како Бернајс Пропаганда,Обојени Програм, Канда Коџа и Небојша,Стринг Форсис, Телонаука Совршена, Мухамед Ибраими,Штутгард Онлајн,ПМГ Колектив, Ти, Доџо, Кантон6,Милко и други.
За успешната фестивалска приказна говори и бројката на посетители која од година во година драстично расте.
Покрај официјалната програма како дел од дневните активности во градскиот парк функционира и chill out зона во која се сместени саем на книга, базар,работилници и дневни дј сетови. За авантурата да биде целосна ве потсетуваме дека пред вас го имате охридското езеро до самиот фестивалски простор!

Во склоп на престојното издание како главни изведувачи на третиот фестивалски ден 28 Јули / Петок ке ги гледаме ФОЛТИН со целовечерен концерт по кој следи настап на нашиот гостин од Милано,Италија – DJ АRDIMAN кој иако е тотално слеп маестрално владее со подиумот и прави незаборавни drum and bass забави, веднаш по неговиот настап продолжуваме со дел од екипата на Conquering Lion кои ке се претстават преку нивниот проект NATTY FIYAH CC.

На четвртата фестивалска вечер 29 Јули / Сабота конечно за прв пат во Струга ке имаме можност да ги гледаме BAD COPY кои спремаат ексклузивен настап за публиката на Дримон и за вечерта да биде совршена после концертот на сцена ке го имаме ДЈ ГОЦЕ САФ!

Цената за дневен викенд билет изнесува 200ден во претпродажба, 250ден на врата, цената на блок билетите со кој ви се овозможува пристап на четири фестивалски вечери ке бидат во строго ограничен број и можете да ги набавите по промотивна цена од 400ден.
Дневните билети за концертите на 27ми и 30ти Јули ке можат да се набават исклучиво на врата по цена од 100ден.

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online