Loading Events
  • This event has passed.
мај 12 @ 9:00 pm
200ден

Почитувани. Предводниците на македонската ар-ен-би / поп сцена ( Панчо и Андреј ) и официјално го најавија својот голем славенички концерт кој ќе се одржи на 12 Мај (петок), во „Метрополис Арена“ во Скопје! Овој концерт на ДНК е одбележување на 15 години од нивното постоење на македонската музичка сцена, но воедно и концертна промоција на нивниот најнов албум „Уште еден ден“ (мај, 2016). На големиот концерт во Скопје, ДНК во придружба на својот бенд ќе ги изведат последните музички остварувања и сите останати хитови од нивниот 15-годишен репертоар кои денес бележат и милионски прегледувања на нивниот официјален „Јутјуб“ канал, како: „Срце“, „Што сака нека биде“, „Север и Југ“,„Она е од шутка“, „Авион“, „Само таа знае како“, „Најмила“, „Стојам сам“, “Полна Месечина”, “Навлечен на Тебе”, “Пази се од Мене”… На три часовното шоу , друштво ќе им прават и сите колеги со кои во својата 15-годишна кариера имаа соработки. Браќата Тавитјан, Тамара Тодевска, Магдалена Цветковска-Ена, Роберт Билбилов, Дарко Илиевски… се само дел од домашните музички имиња кои ќе ги видите и чуете на сцената во Метрополис арената на 12 Мај ( петок ) . Почетокот на спектаклот е најавен за во 21 часот, а вратите за влез ќе бидат отворени од 20 часот . За загревањето на атмосферата ќе се погрижат Хип Хоп диџеите : Irie Scratch,Fitty Flow и Диџеј Nasty. Ваше е само да присуствувате и донесете позитивна енергија, а наше е да ви ја направиме вечерта незаборавна.

БИЛЕТИ:

ДО 24ТИ АПРИЛ – 200 ДЕН; ОД 24ТИ АПРИЛ – 300 ДЕН.
ФАН ПИТ: ДО 24ТИ АПРИЛ – 300 ДЕН; ОД 25ТИ АПРИЛ 400 ДЕН
ВИП: ДО 24ТИ АПРИЛ – 400 ДЕН; ОД 25ТИ АПРИЛ 500 ДЕН

ИНФО И РЕЗЕРВАЦИИ: 075 201 667.

1L. J&B + КОЊОПОЈ + 4 ВИП ВЛЕЗНИЦИ = 4500 ДЕН.
1L. JOHNNIE WALKER + КОЊОПОЈ + 4 ВИП ВЛЕЗНИЦИ = 4500 ДЕН.
1L. JOHNNIE WALKER BLACK + КОЊОПОЈ + 4 ВИП ВЛЕЗНИЦИ = 3990 ДЕН.
1L. SMIRNOFF ВОДКА + КОЊОПОЈ + 4 ВИП ВЛЕЗНИЦИ = 4500 ДЕН.
1L. CIROC ВОДКА + КОЊОПОЈ + 4 ВИП ВЛЕЗНИЦИ = 6000 ДЕН.

Концертот е во организација на ДНК и Горила продукција

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online