Loading Events
  • This event has passed.
декември 8 @ 7:30 pm
500ден

Desonanz Festival, во соработка со Taksirat Festival ве кани на уникатна и величествена концертна вечер на малата сцена во Makedonska Filharmonija.

Damien Dubrovnik (Posh Isolation ::: Copenhagen DK) е егзотичен и несекојдневен проект на двајца од најпрославените модерни композитори во современата музика и сопствениците на културниот феномен и издавачка куќа posh isolation од Копенхаген, Loke Rahbek (Croatian Amor) и Christian Stadsgaard (Vanity Productions). Настапите во живо на Damien Dubrovnik се легендарни не само поради техничката перфекција на звучниот дизајн во нивната музика, туку и по нивните луцидни психосексуални сценски перформанси и неверојатната харизма која ја носат на сцена.

Публиката ќе има можност да го проследи и ексклузивнот проект на македонските етноџез-експериментатори String Forces (во комплетен состав) за Desonanz Festival, специјален аудиовизуелен перформанс насловен “Dig Deeper” односно “Копај Подлабоко”. Овој концерт има за цел да понуди подлабок осврт на опусот на String Forces, со особен акцент на нивните музички експерименти подалеку од поп мејнстримот, како и неколку уникатни, подлабоки и психоделични верзии на препознатливите хитови.

Вечерта ќе ја отвори младата македонска ѕвезда на електроакустичната музика – Vedis (Broccoli Music / MK), која вооружена со својот глас, лаптоп и неколку егзотични инструменти ќе пружи достоен премин преку прагот на овој магичен концерт.

Купи Билет Онлајн

Buy Ticket Online