Loading Events
  • This event has passed.
октомври 22 @ 8:00 pm - 11:00 pm
600ден

CRAIG TABORN QUARTET

Пијанистот, органист, клавијатурист и композитор Крег Тејборн стана носечки столб на реномираната издавачка куќа ECM Records. Тејборн има широк спектар стилови кои често ги адаптира кон природата на инструментот и звуците кои што може да ги создаде. Тој започна да свири пијано и муг синтисајзер како адолесцент, а во раната фаза беше под влијание на широк спектар музички стилови, за него најзначајни фри-џезот и современа класична музика. До денес, Тејборн има објавено шест албуми под свое име, а се појавува на повеќе од 80 како придружен музичар, вклучувајќи ги соработките со Роско Мичел, Дејв Даглас, Дејвид Торн, Еван Паркер, Кристијан Мекбрајд, Дејв Холанд и други. Мнозина денес го сметаат Тејборн за најдобар џез пијанист на својата генерација. Повеќе пати  ја доби наградата „Пијанист на годината” (DownBeat, JazzTimes, Jazz Journalists Association…). Тејборн веќе е на турнеја, промовирајќи го најновиот диск на својот квартет со етикетата на ECM, “Daylight Ghosts”, објавен во февруари 2017 година. Во фокусот повторно се неговото волшепство на клавијатурите и беспрекорните вештини за импровизација. Заедно со Тејборн (на пијано и клавијатури), квартетот на “Daylight Ghosts” е составен од музичари кои доаѓаат од широк уметнички круг и свират стилови како рок, електроника, “world music” и различни варијации на џез-музика.

PAAL NILSSEN – LOVE LARGE UNIT

Пал Нилсен-Лав е еден од творечки најпродуктивните и најактивните норвешки музичари во последните 20 години. Со илјадници свирки и стотици снимки, тапанарот е познат по бендовите како The Thing, OffOnOff, Ballister, Hairy Bones, Chicago Tentet и Original Silence, и по соработките со музичари како Арто Линдзи, Отомо Јошихиде, Акира Саката, Кен Вандермарк, Џим О’Рурк, Питер Бротцман, Турстон Мур, Мичијо Јаги и многу други. Во 2013 година Нилсен-Лав решава дека е време да основа свој голем ансамбл. Со главно помлади норвешки музичари во својот состав, Large Unit се манифестира како интензивна и моќна сила на сцената, но исто така навлегува и во посуптилни и текстурални пасажи. Во групата членуваат музичари од Финска, Шведска и Данска. Со други зборови: нордиска музика во своето најмоќно издание. Евидентни се трагите од искуството на Нилсен-Лав со  групите како што се Peter Brötzmann Chicago Tentet, Ken Vandermark’s Territory Band и Frode Gjerstad’s Circulasione Totale Orchestra, но нема сомнение дека со Large Unit, Нилсен-Лав се стреми да создаде група со сопствен звук. Large Unit “експлодираa” на сцената на Molde Jazz Festival во 2013 година, а оттогаш свират на турнеи низ Норвешка и фестивали ширум Европа. Во 2014 година Large Unit го објавија својот деби-албум ”Erta Ale” (вториот е „Ana“), на којшто најсилно се чуствува моќта на целата група, со сите музичари во полна сила.

Купи го својот билет online