Loading Events
мај 11 @ 8:30 pm
150ден

Надвор од рамките
Од овој теснец спаси се
Можеби си потиштен
Но верувај
Не си отпишан
Тука сум и јас
Од мојата флека немам срам
Пуштиме да дишам во мојот град
Несакам да сум сам
Во мојата мисла засукан…..

DMA Music го претставува второто издание Bronx 1.02, парче простор за меѓусебно видување, презентација, едукација и размена на различни стилови кои потекнуваат од хип-хоп културата. Овогодинешниот симбол на Bronx 1.02 е „Надвор од рамките“, место во кое отсуствува селективност на посетителите, како и место за осознавање и поттикнување на хип-хоп културата. Cо таа цел, надвор од рамките, тргнавме од корените, фузијата на различни музички правци од Jazz, Blues, Funk и Reggae презентирани на хип-хоп платформа што посочува дека и широката маса може да си го најде своето место во еден сегмент на својот личен вкус и избор.

Покрај музичката програма ќе имаме можност креативно да се раздвижиме со помош на првата онлајн заедница за автори кои изработуваат уметност и дизајн – Modular, како и изложбата на фотографии од Marko Kostovski.

Bronx 1.02, умствено опушти се, надвор од рамките !

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online