Loading Events
јуни 3 @ 8:00 pm

BARMER BOYS
3 JUNE • MKC KINO FROSINA, 20:00

Barmer Boys се следната генерација на музичари кои ги продолжуваат вековно старите музички традиции на Манганиерите. Глобални амбасадори на современиот фолклор на Раџастан и Суфи музиката. Разновидноста на стиловите на ова трио и нескротливата енергија го надградуваат секој настап, почнувајќи од тажните Суфи калами, преку веселите свадбени песни, песните за љубовта и сеќавањата, до веселите „бит-бокс“ и ди-џеј џем-сејшни. Групата беше формирана во 2011 година за време на Amarrass Desert Music фестивалот во Њу Делхи, за потоа да ја маѓепса публиката на фестивалите и клубовите низ Индија, Северна Америка, Европа и Азија. Нејзиното интернационално деби беше на Roskilde фестивалот во 2014. Триото е предводено од Манџи и Раис. Манга „Манџи“ Кан му припаѓа на семејството на славни пејачи, а со својот огнен глас подеднакво пее традиционални Марвари свадбени песни и Суфи „кјовали“ (qawwalis). Тој свири и хармониум. Раис Кан е надарен млад музичар кој е волшебник на повеќе инструменти и свири на “morchang“, “bhapang“ и “khartaal“. А “dholak”, е тапан на кој се свири со раце, е перкусивната основа на песните.
TRANS-AEOLIAN TRANSMISSION
3 JUNE • MKC KINO FROSINA, 21:30

Нов концепт: патување, компонирање, пишување и снимање, некаде на сосем непознати места каде што ниту музичката индустрија ниту агенциите некогаш ќе однесат западен музичар. Средби со музичари од различни светови, долги патувања, долго престојување во длабочините на пустината Такламакан, во планините Каракорам или длабоко во срцето на последните градови од Патот на свилата. Неверојатна авантура меѓу Кашгар, Маркит, Иаркам и пакистанската, таџикистанската и киргиската граница. На враќање се руши старото и се моделира материјалот, без никаков страв, со цел да се приближи до она што навистина е музиката – слободоумна емоција. Двајцата музичари од Trans-Aeolian Transmission, Франсоа Камбузат, ветеран од медитеранската панк и авант-рок сцена, како и басистката Џана Греко, хероина на италијанската електрична музичка сцена и соработник на Лидија Линч (Франсоа и Џана се основачи на Ifriqiyya Electrique), го свират концертот заедно со проекцијата на документарниот филм за магичното патување што самите го снимиле.

Купи Билет Онлајн