Loading Events
февруари 2, 2018 @ 9:00 pm - февруари 3, 2018 @ 1:00 am
250ден

Со големо задоволство го најавуваме концертот на еден од најактуелните нови бендови на сцената – Algiers од Atlanta, Georgia (USA).
02 февруари 2018 (ПЕТОК).
МКЦ СКопје.

Билети можете да набавите преку продажните мрежи на MkTickets и на Билетарница МКЦ.
од 28.11 до 31.12 по цена од 250 денари
од 01.01.2018 цена на билет 350 денари

Algiers се политички „трезвено“ инди-рок трио што комбинира елементи на пост-панк и но-вејв со блуз, госпел па дури и рана индустриска музика. Опстојуваат помеѓу Њујорк и Лондон. Почнуваат со работа во 2009 во Атланта, Џорџија кога гитаристот Lee Tesche и басистот Ryan Mahan, и двајцата дел од градската полетна андерграунд рок и ноиз сцена, го среќаваат вокалистот и гитаристот Franklin James Fisher, чии музички корени потекнуваат од големата црнечка госпел традиција на Југот, соул-блузот на Nina Simone и остар фанк. Сите членови на бендот свират перкусии и клавијатури и програмираат тапани. Нивните песни активно се занимаваат со критика на културата преку коментар за традициите во политичките, социјалните и религиозни сфери.

Купи Билет Онлајн