Loading Events
  • This event has passed.
април 20 @ 9:30 pm
100ден

1959 – ГОДИНАТА КОЈА ГО ПРОМЕНИЛА ЏЕЗОТ 

1959 – Годината која го променила џезот

Реж. Пол Бернајс

1959 е годината кога почнале да се случуваат сеизмички промени во џез-музиката,
кога неколку музичари скршнале од тогашната форма на би-бапот кон неистражените
предели што им овозможиле на некои музичари голема слобода да истражуваат и да се
изразуваат. Таа година биле објавени 4 изданија кои не само што биле значајни изданија
во кариерата на тие уметници, туку оставиле и голем белег врз џезот и современата
музика воопшто, така што тие нивни иновации отвориле нови простори во кои милиони
музичари можеле да се изразат. Ова е приказна за изданијата на Мајлс Дејвис – Kind of
Blue, Дејв Брубек – Time Out, Орнет Колман – The Shape of Jazz to Come и Чарли Мингас
Ah – Um, и сите тие го разграниле џезот кон онаа богата форма што ја познаваме денес.
Филмот содржи интервјуа со музичари како Лу Рид, Орнет Колман, Чарли Хејден, Херби
Хенкок, Дејв Брубек, реномираните новинари Нет Хентоф, Гари Гидинс и Стенли Крауч,
кои ги доловуваат волшебните креативни моменти.

Купи Билет Онлајн

Buy Ticket Online