Жена ми се вика Борис

Театар Комедија, Скопје

20:00

29 Jan

Жена ми се вика Борис

Event details

Date (start) 29-01-2019
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

Жена ми се вика Борис

според Рафи Шарт
Режија: Синиша Евтимов
Сценографија: Орхан Ќамилов
Костимографија: Александар Ношпал

Играат:
Борис – Сашо Ристовски
Алек – Роберт Ристов
Кристина – Мирјана Поповска Ристов
Ненад – Александар Михајловски
Марија – Жаклина Петровска
Јован – Столе Мицов
Соња – Ева Скендеровска

„Жена ми се вика Борис“ е модерна фарсична комедија, дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи, чиишто текстови доживуваат неверојатен успех на театарските сцени насекаде низ светот. Познат по своите прецизни заплети, тој е еден од легитимните наследници на Жорж Фејдо. Неговата провокативна лиценција поетика лесно комуницира со публиката, а неговите карактери се огледало на животот што го живееме. Комедијата „Жена ми се вика Борис“ (со оригинален назив „Жена ми се вика Морис“) е современа хит-претстава со калабалак од заплети, замена на идентитети и мноштво луди ситуации кои се одвиваат со неверојатна брзина.
Инаку, овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија – проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото… – се вонвременски.

Tickets

  • Стандарден билет

    Buy tickets

    Партер, 29-01-2019 Price: 300ден.