Loading Events
  • This event has passed.
април 20 @ 8:00 pm
100ден

ЏЕФ БАКЛИ- СИТЕ ТУКА ТЕ ПОСАКУВААТ

ЏЕФ БАКЛИ- СИТЕ ТУКА ТЕ ПОСАКУВААТ

Џеф Бакли бил нешто посебно. За време на ’90-те изгледало како да се појавил од никаде,
но сепак веќе бил оформен и созреан пејач што ги маѓепсувал луѓето со својот ангелски
глас и необичното, чувствително свирење на гитарата. Тој бил напуштениот син на
трагично починатиот фолк-херој од ’60-те, Тим Бакли. Иако млад како музичар, веќе имал
свој карактеристичен пристап кон изведувањето песни. Пример за тоа е неговата изведба
на песната на Леонард Коен „Hallelujah“: со својот еротски и спиритуален набој, ќе
направи оваа песна да се оттргне од заборавот и да стане класична вредност, каква што ја
познаваме денес. За време на својот краток живот, пред да почине на 30-годишна возраст,
тој направил само едно ремек-дело, албумот „Grace“, за жал, единственото сведоштво за
неговиот талент. Филмот „Сите тука те посакуваат“ е снимен за да се одбележи
годишнината од неговата рана смрт, кога се удавил во реката Мисисипи. Преку извадоци
од интервјуа, ретки снимки и интервјуа со соговорници како Џими Пејџ, Пети Смит,
Криси Хајнд, бројни фанови и соработници, се реконструираат животот и достигнувањата
на овој музичар.

Купи Билет Онлајн

Buy Ticket Online