Loading Events
  • This event has passed.
април 21 @ 8:00 pm - 10:00 pm
600ден

Мјузиклот „Тајно моја“ е проект во копродукција со фондацијата “Тоше Проески“ во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда по повод 10 години од неговата прерана смрт.

Мјузиклот ја следи љубовната приказна на млад пар. Нивната љубов пламнува за миг, но нивните разлики ќе ја доведат нивната љубов во прашање… Македонски “Ромео и Јулија“, сместени во периодот на транзиција, на почетокот на 21-от век. Време кога љубовта ги милува и освојува сите срца преку нотите и стиховите на Тоше Проески. Но, можат ли љубовта и музиката да го спасат светот? Двата чина на Мјузиклот „ТАЈНО МОЈА“  ќе се обидат да дадат одговор на ова прашање и на уште многу други прашања поврзани со другарството, пакоста, алчноста, осаменоста, желбата да се успее, стравот, надежта и љубовта.

Мјузиклот е базиран на голем број музички хитови на Тоше Проески, како Тајно моја, Немаш ни благодарам, Игри без граници, Полско цвеќе, Усни на усни, Сонце во твоите руси куси, The Hardest Thing и други.

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online