Loading Events
  • This event has passed.
ноември 9 @ 8:00 pm
300ден - 500ден

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online

Дејствието од операта се одвива во Севиља. Розина е млада девојка која е заљубена во грофот Алмавива. Младиот и убав гроф секојдневно пее под прозорецот на Розина со цел да и се приближи. Но, Розина ја чува стариот доктор Бартоло, кој сака да се ожени за неа и не и дозволува да излезе од куќата. Фигаро, личниот бербер на Бартоло, им помага на Розина и Алмавива да се запознаат, претставувајки го Алмавива како учител по пеење. И додека Фигаро го бричи Бартоло, Розина и Алмавива се договараат околу својата иднина.
За да ја остварат заедничката љубов, на Розина и Алмавива им помага Фигаро, така што им носи матичар и сведоци. Во тој момент се одвива венчавката, а стариот Бартола мора да ја прифати победата на младоста и љубовта.

Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер:Урсула Хорнер (Австрија)
Асс.режисер:Љупка Јакимовска
Сценограф: Марија Ветеровска
Костимограф:Марија Пупучевска
Концерт мајстор: Јане Бакевски
Асс.Диригент: Катерина Стојковска
Асс.хор мајстор:Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори:ЕленаСиљаноска,Јанинка Невчева, Андреја Наунов

Настапуваат:

Фигаро: Марјан Јованоски
Розина:Билјана Јосифов
Гроф Алмавива: Благој Нацоски
Дон Базилио: Владимир Саздовски
Дон Бартоло:Невен Сиљановски
Берта:Николина Јаневска
Фиорело:Кристијан Антовски
Амброзио: Саша Смилевски
Камениот човек: Борко Биџовски

Хорот и оркестарот на МОБ