Loading Events
  • This event has passed.
април 21 @ 8:00 pm - 10:00 pm
200ден

Еден од најпопуларните актери и несомнено најдобриот македонски стенд ап комичар ќе одржи големо шоу во Струмица.

Стенд-ап шоуто на Сашко Коцев ќе се одржи на 21 април (петок) во големата сала на НУЦК „Антон Панов“.

Во продажба ќе бидат пуштени строго ограничен број влезници по цена од 200 денари. Посетителите ќе може да ги купат билетите за големиот настан од среда, (5 април) на продажните места: билетара на НУЦК „Антон Панов“, Concept, Caffe 19, Gossip Caffe, Bu Coffee – Coffee to GO и Jumping Clay.

Водителот кој последно нè засмеваше до солзи на годинашното издание на „Златна Бубамара“ за првпат ќе приреди уникатно шоу пред струмичката публика.