Loading Events
  • This event has passed.
април 26 @ 8:00 pm
300ден

Првин ќе ме земеш, после ќе ме… 

teatarska pretstava prvin kje me zemes, posle kje me... teatar komedija 

„Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ е првото реално шоу во Театар Комедија.

Дејството на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“ помеѓу лекторката Кети Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев. Тој – маж со неуспешен брак зад себеси, решен никогаш веќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура, Таа – девојка со веќе донесена одлука – да се омажи на оваа средба, уште истата вечер.

Ова е единствената претстава за време на која вие како публика сте активен учесник во режирањето на претставата. Дали Таа да го бакне или да му удри шамар, дали Тој или Таа да одговори на повикот од неговата бивша жена – одлучувате вие по пат на гласање во живо!

Играат:

Ѓорѓи Мучев – Роберт Ристов

Кети Мјау Соколовска – Мирјана Поповска Ристов

Келнерот/ Водителот – Дарко Вељи

Купи Билет Онлајн

Buy Ticket Online