Loading Events
  • This event has passed.
August 23 - September 16
900 ден

Почитувани,

Се извинуваме за слабиот доток на вистинска информација околу повратот на Вашите пари за купените билети од концертот на Sean Paul.

Ние зависиме од информацијата на клиентите кој деновиве се труди да го овозможи и затвори комплетниот поврат на Вашите средства кон нас.

Не можејќи повеќе да бидеме неми, Ве известуваме дека на сите наши физички продажни места веќе се врши поврат на Вашите средства.

Ве молиме земете го Вашиот билет, фискалната сметка и обратете се САМО на истото продажно место од каде веќе сте го набавиле истиот.

City Mall продажното место е веќе отворено од вчера и ќе работи до недела, а ќе го препознаете по табличката MkTickets.

Работното време за рефундација е од 10 до 20 часот.

Online купените билет на Karti.com.mk и MkTickets ќе бидат вратени на Вашите трансакциски сметки најдоцна до следниот петок, затоа што во меѓуреме го очекуваме враќањето на исплатениот аванс од наша страна кон промотерот Fusion Production.

Ние како ticket servis, со многугодишно позитивно искуство и доверба кај своте клиенти, Ве уверуваме дека најдоцна до 16.09. ќе биде завршен и затворен повратот на online и физичките билети.

Со почит и Ви благодариме на трпението!!!

MkTickets