Loading Events
December 3 @ 8:30 pm - 10:30 pm
500 ден

Еден од најавтентичните автори во регионов, Рамбо Амадеус конечно и кај нас ќе го претстави неговиот веќе славен театарско-сценски перформанс „Вечер на гломазна поезија“ кој ќе се одржи на 3-ти декември во кино „Фросина“во Младинскиот Културен Центар во Скопје. Популарниот музичар и мултимедијален уметник Антоније Пушиќ повеќе познат како Рамбо Амадеус во овој уникатен проект ја претставува својата поезија во придружба на клавирскиот маестро Иван Алексијевиќ – Панчевац


„Вечер на гломазна поезија“ Рамбо Амадеус ја опишува како „единствена претстава која на лаконски, сликовит и непретенциозен начин го сецира општеството и поединецот кој се обидува да опстане во него и да го пронајде своето парче среќа“. Имено, тој со клавирската придружба на извонредниот Иван Алексијевиќ, ги чита, рецитира, прераскажува и модифицира „најгломазните“ текстови од својот голем опус, постојано восхитувајќи ја публиката со која воедно негува посебен однос во овој перформанс.
 
Со ова гостување, македонската публика за прв пат ќе има прилика да ужива во театарско-сценската програма со трагикомична содржина, која претставува комбинација на неговата експресивна, метафорична, духовита и саркастична поезија, проза и филозофија, а со која тој веќе неколку години гостува ширум регионот и Европа, предизвикувајќи помешани чувства кај публиката која возвраќа со налети на смеа, скандирање, громогласни аплаузи, но и тага и загриженост.
 
Настанот ќе се одржи во Скопје како дел од официјалната програма на 20-тото издание на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ. 

 

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online