Loading Events
  • This event has passed.
September 13 @ 8:30 pm - 11:30 pm
350ден

Во соработка со Sure Shotz и Младински Културен Центар, го најавуваме новиот ТАКСИРАТ едиција #19 со промо-концерт на две големи имиња на американскиот хип-хоп: PETE ROCK & C.L. SMOOTH!

Pete Rock & C.L. Smooth се хип-хоп дуо од Њујорк кое дебитира на сцената во 1991 година со албумот „All Souled Out“, по кој следува „Mecca and the Soul Brother“ од 1992 година. Pete Rock ја започнал својата музичка кариера како ди-џеј вљубен во џез и соул семплови, додека C.L. Smooth е класичен њујоршки рапер, со многу филозофија и 0% вулгарности во своите текстови. Дуото е најпрепознатливо по нивниот мега хит „They Reminisce Over You“, кој има повеќе од 10 милиони прегледи на YouTube. Во 1994 година го издаваат албумот „The Main Ingredient“ а во меѓувреме нивните имиња се јавуваат како гости на проекти на артисти како Public Enemy, EPMD, Heavy-D и Johnny Gill. Двајцата се особено горди на својот удел (како продуцент и MC) во синглот „Down with the King“ на Run-D.M.C. Двоецот работи со прекини во периодот од 1995 до 2009 година, а сѐ уште се активни по нивниот официјален кам-бек во 2010 година. Во едно интервју, Pete Rock ќе каже дека инспирацијата за враќањето на сцената ја добиле од смртта на Guru од Gang Starr, не сакајќи да им се случи истото сценарио по кое членовите на групата ќе ја прекинат соработката без да разговараат еден со друг.

Pete Rock важи за еден од најголемите хип-хоп продуценти на сите времиња. Според многумина, тој е дел од „големата тројка“, заедно со J Dilla и Dj Premier, како највлијателни продуценти во историјата на хип-хоп музиката. Неговите битови ги слушаме во песните на Brand Nubian, Heavy D, EPMD, Public Enemy, Doug E. Fresh, Redman, House of Pain, Dj Jazzy Jeff & The Fresh Prince, Naughty By Nature, Nas, Slick Rick, Lords of the Underground, AZ, Das-EFX, Onyx, Rakim, Common, M.O.P, Raekwon, Inspectah Deck, Big L, Busta Rhymes, KRS-One и други.

Локалната поддршка на овој концерт ја обезбедува ДА ЏАКА НАКОТ со лајв настап, а за warm-up е задолжен DJ SHORTY P.

Билетите се продаваат преку продажната мрежа на МкТикетс и на Билетарница МКЦ.:
ПРЕТПРОДАЖБА >> 350 ден.
НА ВРАТА >> 500 ден.

Buy Tickets Online