Loading Events
  • This event has passed.
October 13 @ 8:45 pm
100 ден

Најдобрата репрезентација на Македонија на најдобар начин со две победи  на воведните два натпревари го отвори новото натпреварување на  УЕФА, Лига на Нации. Натпреварувањето преку кое Македонија ќе се обиде за прв пат во својата историја да обезбеди пласман на Европско првенство го продолжуваме со два натпревари овој месец, на 13. октомври на Националната арена „Филип Втори“ против Лихтенштајн, а три дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија.

На мечот против Лихтенштајн, на 13 октомври, во Скопје, се навршуваат 25 години од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија, пријателскиот меч со Словенија (4:1) во Крањ. По тој повод Фудбалската федерација на Македонија ќе ги покани сите фудбалери што настапија на тој меч, предводени од Дарко Панчев, како и стручниот штаб, на чело со селекторот Андон Дончевски, кој допатува од Австралија. Тие пред натпреварот треба да продефилираат пред публиката на арената „Филип Втори“ и ќе добијат пригодни подароци во знак на сеќавање на историскиот натпревар.

Купи Билет Онлајн

Доколку купите ВИП карта, акредитацијата за влез во ВИП ресторанот ќе ја добие на самиот ВИП влез на стадионот, кој се наоѓа веднаш спроти влезот на Хотел Парк.

Овозможува: Користење на ВИП влез, пристапност до ВИП ресторанот пред почеток на натпреварот и на полувреме од натпреварот.

Купете ВИП Билет Онлајн