Loading Events
  • This event has passed.
May 27 @ 8:30 pm
500ден

Maarja Nuut is a fiddler and singer from Northern Estonia.  Her music combines traditional dance tunes, songs, and stories with live electronics, creating a space where classical minimalism and experimental music meet the village musical traditions of pre-war Europe. Having studied classical violin, she is as much a traditional musician with a classical background, as she is a contemporary, classical composer, who gathers inspiration from Estonian traditional music. While her work is often compared to composers such as Arvo Pärt and Philip Glass, Maarja Nuut is someone that can bring Estonian folk to an international audience. In her performance, Maarja searches for a lively and relaxed state in which she notes “gives rise to music and makes me want to prolong being in the moment while seeing, hearing and perceiving. Old tunes are as fresh as improvisations which were born a second ago”. A special collaboration with Estonian electronic music composer Hendrik Kaljujärv meets Maarja’s hypnotic acoustic loops with more edgy electronic sounds. Together they push boundaries and expand soundscapes of Maarja’s latest album “Une meeles” that reached great attention and appraise around the globe.

 Марја Нут е виолинистка и пејачка од Северна Естонија. Нејзината музика комбинира традиционални песни и танци со електроника, и со тоа создава амбиент во кој класичниот минимализам и експерименталната музика се среќаваат со руралните музички традиции од предвоена Европа. Студира класична виолина, но е традиционален музичар со класично образование исто колку што е и современ композитор. Иако нејзината музика честопати е споредувана со таа на композиторите Арво Перт и Филип Глас, Марја Нут денес ја претставува естонската фолклорна музика пред широка интернационална публика. За време на своите настапи, таа гради расположение кое, како што вели „придонесува да се појави музиката и прави да сакам подолго да уживам во моментот додека гледам, слушам и забележувам“. Соработката со естонскиот композитор на електронска музика Хендрик Каљујарв претставува средба на хипнотичките акустични лупови на Марја со авангардни електронски звуци. Тие заедно ги прошируваат звучните пејзажи на последниот албум на Марја „Une meeles”, кој се здоби со многу поволни критики ширум светот.

 

Black String aims to seek a new sound that can incorporate a variety of expressions in traditional music, as well as harmonize with other expression in world music.  This new sound is interpreted by artists who embrace traditional music as well as jazz, reflecting both composed and improvised creations. Black String especially focuses on improvisation as an important aspect of Korean traditional music and attempts to create a unique language through Asian intuition and musical idiom. The group was founded in 2011, collaborating with UK artists such as Tim Garland, John Turville, Asaf Sirkis and Gwilym Simcock.  They performed at many world renowned festivals and venues. Amplified bursts of sound of the geomungo (6-stringed fretted zither) and Korean bamboo flutes, the fierce quake of Korean traditional percussion, and unpredictable melody of jazz guitar will grasp all your senses. The leader of the band, Yoon Jeong Heo, joined the three jazz musicians during her tenure to form “Tori Ensemble. „Mask dance”, the new album of Black String, released on German “Act” label, got an immediate praise throughout the world. It can be simply described by three adjectives, which capture its essence. It is powerful. It is beautiful, and it is valuable.

 Black String се стремат кон нов звук кој соединува различни изрази од традиционалната музика, и е во хармонија со останатите стилови на светската музика. Овој нов звук го создаваат музичари кои се занимаваат со традиционална музика како и со џез. Black String особено се фокусираат врз импровизирањето како важна одлика на корејската традиционална музика. Оваа група е основана во 2011, и таа соработувала со уметници од Велика Британија, како што се Тим Гарланд, Џон Турвил, Асаф Сиркис и Гвилим Симкок. Досега настапиле на многу светски познати фестивали и арени. Засилените звуци на инструментот геомунго и корејските бамбусови флејти, силните звуци на традиционалните перкусии и непредвидливите мелодии на џез гитарата ќе ги заробат сите ваши сетила. Водач на бендот е Јон Џеонг Хо, која претходно членуваше во Tori Ensemble. Новиот албум на Black String,  „Mask dance”, објавен за германската издавачка куќа Act, веднаш се здоби со одлични критики. Албумот едноставно може да се опише со три збора кои ја доловуваат неговата суштина. Тој е моќен, убав и скапоцен.

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online