Loading Events
April 11, 2018 @ 8:00 pm
800ден

10 години подоцна –>> Најпосетуваниот танцов-музичко-сценски спектакл на светот, повторно пристигнува пред македонската публика: LORD OF THE DANCE на славниот Мајкл Флетли гостува во Скопје на 11-ти април 2018. По точно 10 години и 5 целосно распродадени настапи кај нас, светското денс-совршенство овој пат, во Вип арената „Борис Трајсковски“, ќе го претстави новото шоу „Опасни игри“.

Најголемата ирска танчерска сензација во митската авантура на ова шоу со себе носи сѐ ново, од музика до сценографија, костимографија и кореографија. Тука се и холограмските проекции, најсовремената сценска технологија, специјалните светлосни ефекти, разиграните роботи и најдобрите светски акробати и танчери. Сето тоа е доволна причина да не го пропуштите овој музичко-танчерски настан или како што порачува екипата на LORD OF THE DANCE: „Препуштете се во прегратката на извонредниот танц кој ќе ве одведе на патување исполнето со енергија и страст…“

Купи Билет Онлајн