Loading Events
  • This event has passed.
May 28 @ 8:30 pm
500ден

Ghana’s ancient empire and the 21st century global express. The rhythms that created the past alongside the beats forging the present, they all converge with King Ayisoba and everything morphing into one. And on his new album, „1000 Can Die” (Glitterbeat records), they stand together, history and today, side by side. It leaps over the sounds of the album’s opener, „Africa Needs Africa,” and remains, gentle and soothing, on the acoustic last track, “Ndeema.” The album’s producer is Zea, from the legendary Dutch post-punk band The Ex. He speaks: “King Ayisoba and his band know that traditional instruments are stronger than anything modern. Playing them is a gift from God. They’ll take what they can use from electronica, from hiplife (the hugely popular Ghanaian style that fuses the local highlife music with hip-hop) but they won’t let it beat them, because they know what they have is more powerful. Their music is pulled from the ground.” It’s a force that Ayisoba has inherited. He’s absolutely compelling and charismatic. Not in his imposing appearance, but also in his kologo style, part rhythm-part melody and singing. Whether the words are in Frafra, Twi, or his own style of pidgin English, the sense is always there: this is a man who has something important to impart.

 Старата империјата на Гана и глобалниот експрес на 21-от век. Ритмите кои го создадоа минатото заедно со ритмите на сегашноста, соединети во едно со Кинг Ајисоба. На новиот албум на Ајисоба, „1000 Can Die” (Glitterbeat records), историјата и денешнината стојат заедно, од енергичната песна која го отвора албумот, „Africa Needs Africa”, се до последната, нежната и смирувачка „Ndeema”. Продуцент на албумот е Зеа, од легендарниот пост-панк бенд The Ex. Тој вели: „Кинг Ајисоба и неговиот бенд знаат дека нивните традиционални инструменти се посилни од што и да е модерно. Потоа земаат што можат од електронската музика, од хип-лајфот (енормно популарниот стил од Гана што ja спојува локална хај-лајф музика со хип-хопот), но не дозволуваат ваквите звуци да надвладеат бидејќи знаат дека тоа што го имаат е многу помоќно.“ Ајисоба е харизматичен и неодолив. Не само со наметливата појава, туку уште повеќе, со неговиот „колого“ стил: дел ритам, дел мелодија и пеење. Без разлика дали пеењето е на еден од јазиците во Гана, како што се Фрафра, Тви или на пиџин англиски, чувството е секогаш тука: ова е човекот кој секогаш има да соопшти нешто важно.

 

The latest ascending Saharan star comes not from Mali, as you might expect, but from Mauritania.  Noura Mint Seymali is Mauritania’s defining artist on the international stage.  Drawing deep on the timeless repertoire of the Moorish griot, a hereditary class of musical poet/historians, her band conjures a full blown sandstorm of hypnotic grooves, melding traditional Mauritanian instruments, like the ardine and tidinite, within an electrified psychedelic rock band.  Compared with its neighbors Mali and Senegal, Mauritania has enjoyed little international recognition for its music, but Noura Mint Seymali intends to put that right. A griot (oral poet) from a celebrated musical family, she started out working with her stepmother, the great singer Dimi Mint Abba, and now plays desert rock in a four-piece band. Noura Mint Seymali’s debut album, “Tzenni” (Glitterbeat, 2014), was hailed as arguably the best psych/blues album of the year and charted at number one on World Music Charts Europe. Noura was  named the Best Female Artist from North Africa. Her last album “Arbina” (Glitterbeat, 2016), was also considered as one of the best of the year.

 

Последната ѕвезда од Сахара не доаѓа од Мали, како што би се очекувало, туку од Мавританија. Нура Минт Сејмали е водечкиот уметник од Мавританија на интернационалната сцена. Инспирирајќи се од вонвременскиот репертоар на маварските гриоти, која е посебна каста на поети и историчари, нејзиниот бенд предизвикува моќна песочна бура од хипнотички ритми кои спојуваат традиционални мавритански инструменти, како ардин и тидинит, со звуци на еден психоделичен рок бенд. Споредено со соседните земји како што се Мали и Сенегал, Мавританија имала малку признанија за својата музика на интернационалната сцена, но Ноура Минт Сејмали се стреми да ги поправи нештата. Таа е гриот од славно музичко семејство. Почнала да твори музика заедно со својата маќеа, големата пејачка Дими Минт Аба, и сега свири пустински рок во четиричлен бенд. Деби албумот на Нура, „Tzenni” (Glitterbeat, 2014), беше оценет како убедливо најдобриот психоделичен блуз албум за таа година, а Нура беше прогласена за најдобар женски артист што доаѓа од Северна Африка. Нејзиниот последен албум „Arbina” (Glitterbeat, 2016), исто така се смета за еден од најдобрите за таа година.

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online