Loading Events
May 28 @ 12:30 am - 5:00 pm
400ден

With the Copenhagen sample-duo Den Sorte Skole on stage there are no genres and no boundaries. It is musical storytelling across time and space. Armed with turntables, samplers and effect-machines they take you on a dark journey through everything from Moroccan traditional songs, Indigenous tribal hymns and field recordings of Cameroonian Pygmies to Himalayan reggae, French industrial noise and German electronic music. From beautiful soundscapes to heavy beats and everything in between! Listening to their last 78-minute album “Cowboys and Indians” from beginning to end, you are hard pressed to figure out where each track begins and ends.  A raw, challenging and complex piece of work, bringing together forgotten musicians from more than 75 different countries on 6 six continents ( accounting 350 records and around 10,000 samples) in a global ghostorchestra, crossing time and space, stretching to the outer limits. This is arguably the most ambitious sample-based album ever made. Live, Den Sorte Skole feels like a dark and dizzying trip that shifts elegantly between earth-shaking bass and beautiful fields of sound, building an impressive audio-visual concept together with light-engineer Frederik Heitmann.

 

 Кога дуото Den Sorte Skole од Копенхаген се наоѓа на бината, за нив не постојат жанрови, ниту граници. Се работи за раскажување музички приказни низ времето и просторот. Вооружени со грамофони, семплери и направи за ефекти, тие ги носат слушателите низ опскурно патешествие, преку традиционални марокански песни, племенски химни и песни на камерунски Пигмеи, па до реге од Хималаите, француски „индастријал ноиз“ и германска електронска музика. Кога го преслушувате од почеток до крај нивниот последен албум, „Cowboys and Indians”, ќе ве заинтригира каде почнува, а каде завршува една нумера. Нивниот албум е предизвикувачко и сложено дело кое во себе обединува заборавени музичари од повеќе од 75 различни земји од 6 континенти (со 10.000 семплови од 350 албуми). Ова е веројатно досега најамбициозниот албум направен од семплови. Во живо, настапите на Den Sorte Skole се мистично и вртоглаво патување кое елегантно балансира помеѓу разорниот бас и прекрасните звучни пејзажи, а заедно со помош на инженерот за светло Фредерик Хејтман, градат импресивен аудиовизуелен концепт.

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online