Loading Events
  • This event has passed.
May 25 @ 8:00 pm
700ден

Sevdah is one of the great musical styles of the Balkans, with its songs of melancholia, a sister music to blues, tango, fado or the sad-edged morna of Cape Verde, and any other genre of music that was formed out of meetings of different worlds in music, languages, mindsets. Damir Imamović, born in Sarajevo, comes from a family of traditional sevdah singers, but has managed to modernize the style. He is also a dedicated sevdah researcher, educator and a producer. Questioning the perception of the established old culture, he creates a new culture based on the rich and very old traditions. His recent work with producer Chris Eckman, an American guitarist best known for his work with Walkabouts and co-founder of Glitterbeat Records, resulted in a classy, accessible set that could bring sevdah to a wider audience. Backed by his own custom-made tambur, Damir creates a specific blend of music and lyrics connected to the notion of sevdah (the Turkish word for love and its expressions and an Arabic word for the Greek melancholy). Therefore, sevdah is a meeting of the worlds. It contains echoes of epic singing, romantic songs and ballads about forbidden love. For people raised with it, it has endless shades of sadness.

Севдахот е босански мелос, музика богата со песни исполнети со меланхолија, копнеж и мечтаење, што од своја страна го прави близок со блузот, тангото, португалското фадо и елегичната морна од Капе Верде. Дамир Имамовиќ, родум од Сараево, потекнува од семејство на традиционални пејачи на севдалинки. Како посветен истражувач на севдахот, едукатор и продуцент, преку истражување на перцепциите на оваа етаблирана стара култура тој создава нова култура, базирана на традициите. Неговата скорешна соработка со продуцентот Крис Екман, американски гитарист познат по ангажманот во групата Walkabouts и со-основач на издавачката куќа Glitterbeat Records, резултира со приемчива музика која го претставува севдахот пред поширока публика. Заедно со својата специјално изработена тамбура, Дамир создава специфичен спој од музика и стихови кои се поврзани со идејата за севдах (севдах на турски означува љубов со сите нејзини експресии, а на арапски тоа е збор за меланхолија). Поради тоа, севдахот е средба помеѓу световите. Во него има одеци на епски, романтични песни и балади за забранета или невозвратена љубов.

 

Two words brought Ljubojna to life, “ljubov” (love) and “boj” (battle). Its music is tied to the Macedonian life and founded on the Macedonian traditional music. For Ljubojna, creating boundary-breaking music is a way of life. Ljubojna is one of the most distinguished and most representative bands on the Balkans that  has transmitted, in an authentic way, the pulse of the Macedonian musical beats into a worldly open sounds. Their musical outburst has been described as an ever changing blend of fierce energy, brass sounds and traditional Macedonian themes. Ljubojna is led by two creative individuals, vocalist Vera Milosevska and Oliver Josifovski, handling bass and composing duties. Over the last 15 years Ljubojna has created music for various projects, theatre plays, films, dance performances and has recorded and impressive musical legacy consisting of nine albums. Enlivened and shared between both sides of Via Egnatia, the East and the West, Ljubojna sings of the past and the present, of the unrepeatable, the genuine and the forever modern beat.

Два збора и вдахнаа живот на групата Љубојна, „љубов“ и „бој“. Нивната музика е поврзана со македонското секојдневие и се базира на македонската традиционална музика.  За Љубојна, создавањето музика која ги поместува границите е начин на живот. Групата е една од најрепрезентативните и  најистакнатите на Балканот, која на автентичен начин го пренесува пулсот на македонското музичко битие во отворен звук за светот. Нивните музички ерупции најчесто се опишуваат како постојано менлив спој од жестока енергија, моќниот звук на дувачката секција и традиционалните македонски теми. Љубојна е предводена од две креативни индивидуи, пејачката Вера Милошевска и басистот и композитор Оливер Јосифовски. Во изминатите 15 години, Љубојна има создадено музика за најразлични проекти – за театарски претстави, филмови, и има снимено девет албуми. Бендот, во чија музика се среќаваат Истокот и Западот, пее за минатото и сегашноста, за неповторливото, и за вистинските емоции.

Купи Билет Онлајн

Buy Tickets Online